еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Исмаил Јахоски, чија компанија „Пуцко петрол“ „растура“ на тендери

Нафтената компанија „Пуцко петрол“ од селото Пласница последниве недели повторно е актуелна. Таа годинава се најде на листата на компании кои добија најмногу државни и општински тендери, а деновиве победи и на тендери на МЖ Транспорт, Општина Гостивар, Улица и патишта – Скопје…

Компанијата е во сопственост на семејството на градоначалникот на Пласница од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, а меѓу компаниите кои добиваат најмногу државни и општински тендери е последниве неколку години.

Градоначалник по петти пат

Јахоски моментално е градоначалник на Пласница, по петти пат.

Роден е во март 1963 година, во Пласница. Основно училиште завршил во Пласница, а потоа завршил средно економско училиште.

Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Во 1993 година ја основал фирмата „Пуцко-Петрол“ која располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности.

Женет е и има четири деца.

Каков имот има?

Според неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата, Јахоски, пријавил земјиште, пасишта, куќи во Ижиште и Скопје, зграда во Челопеци, станови во Скопје и Ижиште…

Пријавил и девизни сметки, денарски штедни книшки, трансакциски сметки во неколку банки, побарување за заем…

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Општина Пласница

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пуцко петрол“ го доби мултимилионскиот тендер на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на дизел гориво

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на „Улици и патишта“ за набавка на горива

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на општина Гостивар за набавка на масло за греење

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Чаир за набавка на масло за горење

„Пуцко петрол“ склучил 29 договори за јавни набавки во вредност од три милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пороен дожд на повеќе места, од утре до вторник стабилно и потопло

Редакција

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Редакција

Нема повредени во пожарот во Универзална сала, две жени вдишале чад

Редакција