еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Коста Петров, новиот потпреседател на СДСМ: ПР-експерт, бизнис-автор и следбеник на кабала

Новиот потпреседател на СДСМ, ПР-експертот и бизнис-автор, Коста Петров е роден во Гостивар.

Во текот на основното училиште со неговата фамилија се сели во Скопје, каде завршува две години средно училиште во Раде Јовчевски Корчагин. Трета и четврта година средно пак завршува во САД.

По враќањето од САД, решил образованието да го продолжи во Прага, каде запишува политички науки на Американскиот колеџ.

Во Прага ги стекнува и првите работни искуства, во Светска банка како волонтер, како агент во кол центар во британска фирма, а се испробал и во продукција на кратки филмови.

Следен предизвик му е светот на организирање на бизнис-настани, па најпрво работи во агенцијата Маркус еванс како продуцент, а потоа и во Информа во Дубаи.

Во 2010 година се враќа во Македонија и ја основа P World, агенција за настани, која работи во 35 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка.

Она пак по што и е најмногу познат на македонската јавност се неговите книги. Тој е еден од најпродаваните автори во Македонија. Неговите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ се бестселери.

Беше и портпарол на Министерството за здравство, кога истото го водеше актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.

Тој беше и еден од авторите на евровизиската песна „Горда“, со која настапи Македонија на последната Евровизија во Израел.

Има една ќерка, Бела и е следбеник на кабалата (дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коста Петров за потпретседателското место во СДСМ: Немањето искуство во политиката го сметам за адут

Идната министерка за финансии, Ангеловска: Ќе вложам максимум во домаќинско раководење со парите на граѓаните

За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски

ЦО на СДСМ: Наумовска, Колемишевски, Мехмедовиќ ќе бидат номинирани за нови заменици-министри

Фото: Фејсбук/Петров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаби изгледи за значајна помош од ЕУ во енергетската криза за Западен Балкан

Редакција

Најмногу пријави до Антикорупциска комисија за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Редакција

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Редакција