еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Ларис Гајсер кој ја објави снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев

Политикологот и новинар Ларис Гајсер (42), авторот на текстот за италијанскиот весник La Verità, кој денеска беше објавен заедно со аудио и видео снимки на кои се гледа како осомничените за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), земаат пари од бизнисменот Орце Камчев стана топ тема во Македонија.

Кој е Гајсер

Роден е во Птуј, Словенија. Дипломирал на Правниот факултет во Верона, а специјализирал на Политехничкиот Универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Магистрирал меѓународни односи во дипломатија на Институт во Милано. Гајсер е и економски консултант и бил предавач на неколку универзитети.

Бил советник и во словенечкото Министерство за надворешни работи, раководел со финансиите на Евро медитеранскиот универзитет ЕМУНИ, а во 2015 година бил избран во претседателството на Паневропсската унија во Стразбур, како претседател на оваа организација во Словенија.

На парламентарните избори во 2011 година Гајсер бил кандидат на изборите за десничарската Словенечка људска странка.

Македонија не му е непозната

На неговиот Фејсбук профил има и фотографија со поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, (но и со други регионални лидери), а политичките случувања во Македонија не му се непознати и редовно ги следи.

Во 2016 година направил интервју со поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски, а пред извесно време објавил и текст за случајот со тендерот за М-НАВ.

Ла Верита пак е весник формиран во 2016 година со тираж од 70 илјади примероци дневно, со седиште во Милано. Важи за десничарски весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарот кој ја објави снимката со Боки 13, Кичеец и Камчев најавува објавување на нови шокантни документи

Нов сомнеж за инволираноста на Катица Јанева во „Рекет“ по снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев

Фото: Гајсер/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Ќе има четири уставни амандмани, Прембулата нема да се чепка

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција

Македонците „навалија“ во Боровец, Помпорово и Банско, а некои одат и на Алпите

Редакција