еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Лазо Велковски, за кој е побарано разрешување поради скандалот со службено возило

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поради скандалот со службениот „Ренџ ровер дискавери спорт“ ќе побара од Владата разрешување на директорот Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски.

Велковски според МВР го ангажирал возилото и член на неговото обезбедување за патување на неговата ќерка во Грција.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Директорот на БЈБ, Велковски во анкетниот лист пријавил два автомобили

Кој е Велковски?

Велковски според неговата официјална биографија има завршено Факултет за безбедност и е дипломиран криминалист.

Во Министерството за внатрешни работи од март 1991 година, а во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во МВР и Агенција за разузнавање и тоа:

-водич на безбедносен сектор во МВР  до 31.12.1992 година

-командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај до 10.12.1999

-виш инспектор за дежурни служби до 15.01.2001

-заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје до 12.04.2002

-командир на полициска станица за безбедност на патниот сообраќај до 21.11.2002

-помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 20.06.2003

-началник на СВР-Велес до 09.06.2004

-помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 19.07.2004

-директор на БЈБ во МВР до 31.12.2004

-помошник на министерот началник на СВР-Скопје до 11.09.2006 година.

Во периодот од 11.09.2006 год. до 25.11.2015 година извршува работни задачи во Агенцијата за разузнавање при што бил распореден на повеќе работни места и тоа главен оперативен разузнувач, началник во Дирекцијата за организиран криминал и меѓународен тероризам и државен советник во кабинетот на директорот на Агенција за разузнавање.

Од 25.11.2015 до 29.12.2015 година е распореден на работно место државен советник во кабинет на министерот, од 30.12.2015 до 19.05.2016 година е началник на СВР-Скопје, од 20.05.2016 до 29.09.2016 година е државен советник во кабинет на министерот, од 29.09.2016 година е началник на СВР-Скопје и од 30.12.2016 година е државен советник во кабинет на министерот.

Во текот на работната кариера до 2002 година бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал  во многубројни акции и операции при нарушен ЈРМ од поголем обем и други сложени безбедносни појави на подрачјето на цела територија на Република Македонија и поседува потврда за бранител.

Посетувал голем број на обуки поврзани со професионалниот ангажман. Меѓу позначајните обуки се обуките во Холандија, Северна Ирска, Англија, како и повеќе обуки организирани од страна на пријателски служби, обуки за менаџирање и раководење организирани од страна на Американската амбасада, обуки организирани од страна ОБСЕ и др.

Зборува англиски јазик.

Роден е во ноември 1965 година.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објектот на Универзална сала е осигуран

Редакција

Се продаваат делови од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“

Редакција

Две неуспешни аукции за продажба на зградата на Еуростандард банка, закажана е трета

Редакција