еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој е Миле Зечевиќ, кој влезе во НО на Стопанска банка Битола и го советува Заев

Актуелниот советник на премиерот Зоран Заев, за адвокатски услуги, Миле Зечевиќ и официјално стана дел од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

Според биографијата која ја доставил до Собранието на акционери на Банката пред седницата на која беше избран, тој работел како стручен соработник во Владата и во периодот од 1998-1999 година, во кабинетот на тогашниот премиер.

Во периодот од 1999-2001 година е стручен соработник во Основен суд Скопје 1-Скопје.

Од 2001-2002 година е шеф на кабинетот во Министерството за одбрана.

Од 2002-2004 година е генерелен секретар во тогашната влада на СДСМ.

Од 2004-2006 година е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во 2008 година почнал да работи како адвокат во адвокатска канцеларија Миле Зечевиќ.

Дипломирал на Правен факултет Јустинијан Први Скопје и го има положено правосудниот испит.

Во 2016 година станал Магистар по казнено право и криминологија и Доктор на правни науки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Зечевиќ, советникот на Заев влезе во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

„Пелистерка“ предложи соработник на Заев за член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицата кои се вакцинирале со „Синофарм“ под итно да се вакцинираат со трета доза, вели директорот на Клиничкиот центар во Ниш

Редакција

Прилепска пиварница по третпат купи 100 сопствени акции

Редакција

Викендов уште постудено, се очекува снег на планините

Редакција