еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Наќе Чулев, новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Наќе Чулев е нивниот нов предлог за технички министер за внатрешни работи.

Што пишува во неговата биографија?

Наќе Чулев има богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи, велат од партијата.

„Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон, Велика Британија.

Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија.

Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник, Хрватска.

Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.

Наќе Чулев е долгогодишен професионалец и одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката„, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање, велат од партијата.

„Чулев е и редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

Во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање.

Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање.

Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара Турција од 2003-та до 2007-ма година„, велат од партијата.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ прифаќа Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

Наќе Чулев е новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алергични на избори: Додека политичарите си играат, македонската економија колабира

Никола Осило

Нови рочишта за „Тревник“ и „Титаник“ на СЈО

Редакција

„Трчи лажи“ демократија: Како референдумот од обврзувачки стана консултативен?

Редакција