еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Кој е новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ: Боксер, премиер и советник на Еди Рама

Социјалдемократот Зоран Милановиќ на 19 февруари годинава треба да ја преземе претседателската функција во Хрватска откако на изборите ја победи својата противничка и досегашна претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Станува збор за политичар со повеќегодишно искуство. Тој беше лидер на Социјалдемократската партија на Хрватска од 2007 до 2016 година, како и премиер на земјата во периодот 2011-2016 година.

Тој доаѓа од партизанско семејство, неговите предци учествувале во ослободувањето на Трст, но сепак бил тајно крстен со оглед на тоа што неговата мајка била религиозна.

Како млад се занимавал со спорт, а сакал и бокс. По завршувањето на Правниот факултет во Загреб, тој почнува да работи во Министерството за надворешни работи на Хрватска. Работел како советник во хрватската мисија во НАТО и ЕУ во периодот 1996-1999 година, кога и се приклучува на Социјалдемократската партија.

Во меѓурвреме, во 1998 година станува магистер по Европско право на студии во Брисел. Во 2003 година е ангажиран како асистент на министерот за надворешни работи на Хрватска за мултиратерални политички прашања.

Како премиер е познат по воведување големи даночни промени во Хрватска, како и ратификација на хрватското членство во ЕУ и организирањето референдум за ова прашање.

Потоа, тој ја напушта политиката и влегува во консултансткиот бизнис основајќи ја фирмата „ЕуроАлба“. Во 2017 година станува советник на албанскиот премиер Еди Рама и претседател на Димпломатскиот совет на Даг Хамарскјолд Универзитетот за Меѓународни односи и дипломатија.

Тој е оженет веќе 26 години со Сања Мушиќ со која има два сина Анте Јаков и Марко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалдемократот Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Фото/Видео: RTVE/Youtube/HRT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Јетон Шаќири позитивен на Ковид-19

Редакција

Финале на протестот за името Македонија во Атина – најмалку 40 повредени и седуммина уапсени

Редакција

Русија не е виновна за извоз на житото, Украина ги минираше пристаништата, вели Путин

Редакција