еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Ѓонул Бајрактар, кој доаѓа на местото на разрешената Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, кој е на оваа функција пред формирањето на техничката Влада, со заклучок на Владата ги презеде овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), по разрешувањето на Рашела Мизрахи, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ѓонул Бајрактар, наследникот на Мизрахи

Ѓонул Бајрактар на местото на разрешената Рашела Мизрахи

Какво образование има

Бајрактар дипломирал на Природно математички факултет, насока математика-физика, при Универзитет “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Зборува турски, македонски, албански и српски јазик, стои во неговата официјална биографија.

Какво работно искуство има

Во периодот од 2013 до 2018 година работи како професор по математика во Основно училиште “Тефејјуз” во Скопје.

Во истото училиште во периодот од 2006 до 2013 година е и директор, од 2005 до 2006 година вршител на должност, а од 2000 до 2005 година професор по математика и физика.

Во 1999 година работел за ОБСЕ и УНХЦР.

Политичка кариера

Во два мандати во периодот од 2009 до 2017 година бил член на Советот на Град Скопје.

Во периодот од 2014 до 2017 година е потпретседал на Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) и вршител на должност претседател на ДПТМ.

Во два мандати е член на Централното Собрание и на Управниот одбор на ДПТМ.

Приватно

Роден е во Струга во октомври 1972 година.

Во неговата официјална биографија е објавена и неговата нето плата како заменик министер во МТСП која изнесува 63.307 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

(Фото) Разрешната министерка Мизрахи објави фотографија со ќерка и: „Срцето ни е во Македонија“

(ВИДЕО) „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“: Што кажа разрешената министерка Мизрахи во Собрание

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

Силвана Жежова

Градоначалникот Димитриевски: „Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Редакција

Кемал Киличдароглу по поразот од Ердоган најави дека „борбата продолжува“

Редакција