еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Кој е Јосеп Борел: „Стар шпански волк“ на местото на Федерика Могерини

Актуелниот министер за надворешни  работи на Шпанија, 72-годишниот Јосеп Борел да биде нов комесар за надворешната политика на ЕУ на местото на Федерика Могерини чиј мандат истекува во октомври, предложи Европскиот совет.

Борел, кој е инженер по аеронаутика, економист и професор по математика е „стар волк“ и со политика почнува да се занимава уште во седумдесетите години од минатиот век.

Тој е член на Социјалистичката партија на работниците и во текот на својата богата политичка кариера извршувал повеќе државни функции, а бил и претседател на Европскиот парламент.

Тој бил оженет со францускиот социолог Каролина Мајер со која има два сина, дипломатот Хуан и пилотот Лионел.

Двајцата се развеле во 1990 година, а од 1998 година наваму Борели е во врска со Кристина Нарбона, претседателка на неговата матична партија и поранешна министерка за екологија со која и се оженил во во јули, минатата година.

Фото: Влада на Шпанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казината во Македонија „опасни“ по живот, последниот грабеж во Блаце заврши со двојно убиство

Редакција

Дадилката која тепаше дете во игротеката „Дежа Ву“ приведена во полиција

Редакција

Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими одат во притвор

Редакција