еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој е „предавникот“ во ВМРО ДПМНЕ?

Не престануваат меѓусебните обвнувања помеѓу сегашните и поранешните членови на најголемата партија во земјава, ВМРО ДПМНЕ, за тоа кој ја предал партијата, но и Македонија.

Ситуацијата многу потсетува на времето кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт, а преку нападите на тогашната опозициска СДСМ, во јавноста создаде плодна почва за фамозната поделба на граѓаните на „предавници“ и „патриоти„. Сега идентична поделба има внатре во партијата.

Последното обвинување во низата доаѓа од поранешниот прв човек на УБК, исклучениот Сашо Мијалков, кој во отворено писмо до јавноста, го обвнува претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓудругото дека е лажен патриот и го прашува дали посакувал да се смени името, вината да се фрли врз прогонетите пратеници, а тој да дојде на власт со решено име.

„Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници, а потоа да излезеш „чист“ од целата ситуација, среќен дека друг ти го решил и тргнал проблемот со името и си ја понел вината со себе?

Дали сакаше да дојдеш на власт со веќе решено име, а виновници за тоа да се СДСМ и неколку политички прогонети пратеници на ВМРО, а ти да си „патриотот“? Дали за ова отворено со недели не зборувавте низ канцелариите во ВМРО?“, пишува Мијалков во писмото.

Мијалков пред неколку дена, како што обвинија од ВМРО ДПМНЕ, беше исклучен од партијата за слични причини.

Според ВМРО ДПМНЕ тој дејствувал спротивно на интересите на партијата, соработувал со премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, и користел разни „најниски“ методи за да ги убеди осумтте пратеници од опозицијата да гласаат за старт на процедурата за промена на македонскиот Устав, со која меѓудругото се предвидува промена на името во Северна Македонија.

До каде ќе стигнаат овие меѓусебни обвинувања, кои неминовно дополнително ќе влијаат на ослабнување на позицијата на партијата на политичката сцена, но и кај нејзините членови и симпатизерите, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Сашо Мијалков „распали“ по Христијан Мицкоски: Ти си лажен патриот!

Официјализирано исклучувањето на Сашо Мијалков: Грубо дејствувал против ВМРО-ДПМНЕ

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Ќе почне ли процедурата за промена на Уставот: Седница за уставни измени

Редакција

„Каргомакс“ го доби тендерот на ЈП Градски паркинг за набавка на пајак-возила и камион „тежок“ 345.000 евра

Никола Осило

Неби Хоџа: Ги мотивирам вработените на компанијата да ја чувствуваат како нивна

Силвана Жежова