еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Сафет Кадрии, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

еМагазин во серијал ќе Ви престави тројцата судии од Апелационен суд, кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да излезе од затвор и да оди во домашен притвор, а за кои шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска најави финансиска истрага.

Кој е Сафет Кадрии?

Кадрии е судија во Апелација од 2009 година.

Дипломирал на Правниот факултет во Приштина во 1990 година, а во 2001 година го положил правосудниот испит во Скопје.

Во 2008 година магистрирал на Правниот факултет во Приштина, кривично-правен смер со магистарски труд на тема „Начелото на законитост во кривичното право“.

Според неговата официјална биографија во периодот од 1990 до 1992 година работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.

Во периодот од 1993 до 1996 година бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.

Од 1996 до 2000 година работел како помошник директор во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Од 1999 година бил заменик член во Државната изборна комисија (ДИК).

Од 2001 до 2003 година бил државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија.

Од 2003 година работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 и 2006 година бил портпарол на Судот.

Во 2009 година е избран за судија во Апелациониот суд со одлука и постапува по предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.

Тој е и одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кој ја пушти Јанева во домашен притвор

Кои се судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 11,8%: За една недела со Ковид-19 се заразиле 95 деца на возраст до 9 години

Редакција

Бугарија нема нови услови за Македонија, но бара институциите да ја докажат „сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите“

Редакција

Убава вест: Оздравени 290 болни од Ковид-19

Редакција