еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој ќе седне во претседателската фотелја на претседателот Иванов?

Во април следната година треба да се одржат нови редовни избори за претседател на Република Македонија.

Уште пред неколку месеци во јавноста неофицијално почнаа да кружат имиња на актуелни функционери од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, како можни кандидати, а деновиве темата е повторно актуелна.

Повеќе медиуми ја вратија на маса идејата за консензуален претседател, а името на првиот министер за надворешни работи, Денко Малески се спомнува како најсериозен кандидат, доколку се реализира оваа идеја.

Изминативе месеци неофицијално по медиумите и во политичките кругови како можни кандидати се спомнува имињата и на Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Трајко Славески, Никола Попоски, Гордана Силјановска

Актуелниот претседател Ѓорге Иванов на функцијата претседател е веќе два мандати. Првиот го доби во 2009 година, а вториот му завршува следната година.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Редакција

Нема доказ дека притворените лица го убиле докторот Ацо Трпковски, велат од Обвинителство

Редакција