еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Љупчо Димовски

Поранешениот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник, Љупчо Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Кој е Љупчо Димовски

Љупчо Димовски е роден во 1959 година во Велес.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Димовски е генерален секретар на Социјалистичката партија на Македонија.

Беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот од 2009–2014 година.

Амнестиран за настаните во Собрание

Љупчо Димовски е еден од пратениците кои беа амнестирани за настаните во македонското Собрание од 27. април минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил ексминистерот и актуелен пратеник, Љупчо Димовски

Собранието ќе одлучува дали ексминистерот Љупчо Димовски ќе оди во притвор

Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува

Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција

Шест членови на Управниот одбор на „Макпетрол“ лани имале примања од 744.000 евра

Редакција

Рашковски оди во куќен притвор

Редакција