Актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ.
Кој е Николовски?
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има положен правосуден испит.
За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.
Николовски има сертификат за овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред ДЗИС 2012.
Тој е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.
Во својата политичка кариера, во февруари 2014, е именуван за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во 2013 година е шеф на кабинет на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.
Во периодот од 2009 до 2011 година, работи како адвокат.
Негова специјалност се и човечки ресурси и деловно право.
Во неговата кариера беше и секретар во Институт на директори во Македонија. Од 2007 до 2008 година е адвокатски приправник и правен советник во Адвокатска канцеларија “Марковска и Андревски”.
Николовски членува во неколку асоцијации како што се: Здружението на правници на РМ, Македонското здружение на млади правници и во Адвокатската комора на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски
Министерот Љупчо Николовски нов генерален секретар на СДСМ
Љупчо Николовски: Како “бунтовникот со причина“ стана министер
Фото: Фејсбук/Николовски