еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој ќе увезува и извезува необработени дијаманти од Македонија?

Во собраниската Комисија за европски прашања пристигна новиот Предлог-закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти, со кој ќе се yредуваат условите под кои може да се врши увоз, извоз и транзит на необработени дијаманти во Македонија.

Со предлог-законот се уредуваат и надлежностите на државните органи во контролата на увозот, извозот и транзитот, сертифицирање на необработените дијаманти во т.н процес Кимберли, а контрола освен Царинската управа ќе прави и Министерството за економија.

„Целта на Предлог – законот е регулирање на надворешно трговскиот режим на необработените дијаманти, со воведување посебен систем на контрола која што, покрај Царинската управа на Република Северна Македонија, ќе ја спроведува и Министерството за економија како надлежен орган кој при увозот на необработените дијаманти ќе врши конфирмација на валидноста на документацијата во прилог на пратката со необработени дијаманти, додека при нивниот извоз, Министерството за економија ќе има надлежност да спроведе претходна постапка за сертифицирање, на која дополнително одобрување дава Царинската управа на Република Северна Македонија“, стои во предлог-законот.

Предлагач е Владата, а како нејзини претставници се јавуваат министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот заменик Кире Наумов.

За сите детали за тоа кој ќе може да увезува и извезува дијаманти од Македонија, кликнете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога да се тестирате доколку сте имале контакт со позитивен на Ковид-19

Редакција

(Видео) Разговор со јеромонах Кирил за духовната страна на Велигденскиот пост: Да постиме пред сè, од злото во себе

Силвана Жежова

Сите детали од законот за отпис на камати и репрограмирање долгови: Кој ќе „куртули“ од извршителите?

Редакција