еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Ваљон Беља, кој беше застрелан во скопски Чаир

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, кадар на владејачката ДУИ, синоќа беше застрелан во скопски Чаир.

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема никакви информации, а според неофцијалните кои ги објавија медиумите, Беља бил погоден во пределот на десната потколеница, а кон него биле испукани два куршуми.

Во него пукало лице придружувано од уште четири мажи.

Тој е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски.

Телевизијата ТВ21, пак според неофицијани информации, објави дека Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот „Принц“.

Беља, му замерил на градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од Општината. По ова неофицијално, градоначалникот повикал други луѓе, по што настанала тепачка која завршила со пукање.

Кој е Беља? 

Беља стана економски директор на Клиниката за гинекологија пред неколку месеци.

Сега е во ДУИ, а во политика влезе преку невладината организација Реалитети.

Во 2010 година стана лидер на партијата Албански сојуз, која подоцна се спои со ДПА.

Во 2016 година како вработен во општината Чаир беше приведен од полицијата, бидејќи заедно со уште неколку лица дошол во општината и го барал градоначалникот за да расчитат некаков проблем.

Тогашниот градоначалник Изет Меџити не бил во канцеларијата, а Беља оставил куршум  во салфетка.

Како што пишуваа тогаш медиумите заканата до Меџети била поради тоа што Беља наводно барал да биде поставен за директор на Пензискиот фонд.

Фото: Фејсбук/Ваљон Беља

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо дијалог, убиства и пукање редовна појава во ДУИ

Пукање во Чаир: Функционерот од ДУИ, Ваљон Беља застрелан во потколеницата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Давитковски и Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции во Скопски пазар

Редакција

Во Куманово шест новозаболени и еден починат од Ковид-19

Редакција

МВР и ЗНМ со Протокол за безбедност на новинарите на интернет

Редакција