еМагазин
Македонија

Коѕиас: Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата

Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата, опозициите во двете земји користат говор на омраза, вели шефот на грчката дипломатија во интервју за „Ефимерида тон синдактон“.

Никос Коѕијас, за викенд изданието на грчкиот весник, говорејќи за реакциите во двете земји, вели дека она што него го загрижува не е несогласувањето околу договорот, „бидејќи од една гледна точка, тоа е нормално“, туку е загрижен за тоа каде ќе ја одведе земјата „ширењето и легализацијата на екстремниот десничарски говор на омраза“.

– Опозицијата во двете земји е опозиција која користи заеднички говор на омраза. Ја негуваат политичката омраза во сите нејзини димензии: како во внатрешноста, така и во меѓудржавните односи. Нова демократија го отфрла договорот со образложение дека сѐ му предадовме на Скопје. Иванов и неговата партија не го ратификуваат договорот бидејќи, наводно со тоа, неговата земја и се потчинува на Грција.

Ако се поврзат овие работи, лесно може да се заклучи дека и во двете земји се работи за партии што се хранат со оваа реторика, со нерешавањето на проблемите, со неактивноста“, вели шефот на грчката дипломатија и упатува порака до сите оние граѓани во Грција, кои што не се согласуваат со Договорот, „да го прочитаат и да го проучат подобро“ и да видат „дали навистина се реални опасностите на кои што се повикува опозицијата“.

Никос Коѕијас уште еднаш повторува кои се следните чекори и во двете земји согласно Договорот, за потоа „заедно да се справиме со говорот на омраза, бидејќи сакаме да живееме во мир со народот од соседната земја“.

– Интересите меѓу двете земји се поблиски од оние на ПЈРМ со било која друга земја –  додава министерот за надворешни работи на Грција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче го испратил предлог-документот до грчкиот колега со кој ќе се регулира начинот на патување помеѓу двете држави

Редакција

Вулнет Винца избран за претседател на Основен суд Струга, Емине Мурати за судија во Апелационен суд Гостивар

Редакција

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Редакција