еМагазин
Image default
Македонија

Кој може да донира крвна плазма за лекување на пациентите болни од корона вирусот

Медицински директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ упати апел до матичните лекари за да се најдат што поголем број на пациенти дарители на крвна плазма за лекување на заболените од корона вирусот.

Таа објасни дека постапката за донирање на плазма, плазмафереза, е постапка која трае 40 до 60 минути, со издвојување на 300 до 600 мл плазма и враќањето на другите компоненти на донорот. Самата плазма кај него многу бргу се надополнува.

Дарителот, донорот на плазмата треба да ги исполнува следните услови:

• Пред сѐ прележана COVID-19 инфекција.

• 2 негативни теста во растојание од 24 часа, по инфекцијата.

• Да се минимум 21 ден без симптоми.

• Да се на возраст од над 18 и до 60 години.

• Да се со телесна тежина над 60 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел до матичните лекари за да се откријат што поголем број на дарители на крвна плазма, за лекување на пациентите со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Криволак станува меѓународен полигон: Обука на војската на Црна Гора со поддршка на АРМ

Редакција

Во Велес денеска двајца оздравени од Ковид-19, четвртти ден нема регистрирано новозаболени

Редакција

Основниот суд Велес ќе му суди на судијата Владимир Панчевски

Редакција