еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој му помогнал на Груевски да влезе нелегално во Албанија?

Поранешниот премиер Никола Груевски, пред да стигне во Унгарија, избегал од Македонија во Албанија, тврдат албанските власти.

Според нив Груевски ја напуштил земјата со автомобил на унгарската Амбасада во Албанија, преку граничниот премин Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, но од нив нема информација како тој влегол во Албанија, легално или нелегално.

„Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанијана на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана“, соопшти албанската полиција.

Од полицијата наведуваат и дека на денот кога Груевски бил на територијата на Албанија не постоела никаква потерница од Македонија или Интерпол:

„На 11 ноември 2018 година за лицето Никола Груевски не постоеше никаква информација на нашите премини или потерница дека се бара. Интепрол Скопје на 13 ноември во 19:35 часот испрати информација до Интерпол Тирана дека лицето Никола Груевски се бара со меѓународна потерница„.

Претходно тамошните медиуми објавија дека Груевски во Албанија влегол нелегално, а излегол со лична карта. Според нив Груевски од Црна Гора се упатил кон Србија, а од таму до Унгарија.

Во меѓувреме и властите во Црна Гора потврдија дека Груевски влегол и излегол од Црна Гора на 11 ноември.

Нема никакви информации кој му помогнал на Груевски нелегално да влезе во Албанија. Дали станува збор за лица од Македонија, Албанија или можеби од Унгарија, допрва треба да дознаеме.

Од македонските власти нема детали за бегството на Груевски, а како што соопштија од Владата се спроведуваат две постапки во македонското МВР со цел да се утврди начинот на којшто Груевски побегнал од Македонија.

Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегство, како и евентуално надворешни лица кои му помогнале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Подгорица официјално потврди: Груевски на 11 ноември влегол и излегол од Црна Гора

Тирана официјално потврди: Груевски преку Албанија заминал за Унгарија на 11 ноември

(ВИДЕО) Шешељ: Груевски преку Србија премина во Унгарија, српски четници го обезбедуваа се до Хоргош

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Митко Јанчев и Советот на Општината Кавадрци против барањето на ИГМ да гради цинкара

Редакција

(Галерија) Ресторан „Амбиент“, место кое вреди да се посети и да се ужива во амбиентот

Редакција

Каков имот пријавила Анита Бошковска, која е избрана за судијка во Врховниот суд

Редакција