еМагазин
Image default
Македонија

Кој се е во владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО во Лондон

Владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев ќе учествува утре и задутре на Самитот на НАТО во Лондон, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата, информираат од Владата.

Во состав на владината делегација се вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Заев утре, на првиот ден ос Самитот ќе учествува и на панелот „Разговори – Одбрана и превенција за новата ера“, во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“ (“NATO Engages: Innovating the Alliance”).

Покрај премиерот Заев на панелот говорник е и претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

Заев и членовите на делегацијата на Владата за време на дводневниот самит на НАТО во Лондон ќе остварат и повеќе билатерални средби.

Претседателот на Владата, Зоран Заев е поканет и на прием кај Кралицата Елизабета во Бакингемската Палата, што се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО, како и на вечера за шефовите на држави и/или влади што ја приредува премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за насилството во Собрание одложено, влошена состојбата на еден од обвинетите

Редакција

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир од Социјалистите и Демократите, Зелените и Обединетата левица

Редакција

(Видео) Претседателот Пендаровски му ја покажа „Вила Билјана“ на американскиот државен секретар Мајк Помпео

Никола Осило