еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Речиси да нема ден изминативе неколку недели да нема пожар и тоа не еден, туку по неколку на различни делови од земјава.

Нема дилема дел од нив се предизвикани од невнимателни граѓани кои ги палат стрништа, бидејќи е сезоната за подготовка на нивите, но да потсетиме дека токму палањето на вакви стрништа беше една од причината за големата трагедија која се случи во Атика, Грција каде во пожар настрадаа голем број лица.

Она што застрашува од бројните пожари, нетипично за овој дел од годината, е што одреден број од нив се намерни.

Тоа го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи, кое од почетокот на годината до сега, поднело осум кривични за палење пожар на отворено, односно за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

МВР работи на откривање и на останатите сторителите кои предизвикале пожари на отворено. Во дел од случаите станува збор за пожари предизвикани од палење на стрништа, но дел се и намерно подметнати“, велат од МВР.

Дека пожарите имаат и некоја друга позадина предупредува и командирот на противпожарната единица Скопје, Владимир Кочовски, кој на неговиот фејсбук-профил.

„Сите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати. За причините во некоја друга прилика. Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите. Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина? Дали тоа го прават дрвокрадците, земјoделците кои ги палат стрништата па потоа тоа излага од контрола?

Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите. Скоро половина од возилата се секој ден на сервис. Се троши огромна количина на гориво. Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места. Затоа, што повеќе полиција на терен (не инспектори). Забрана за движење во шума. Казни за секое запалено стрниште. Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.

За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кој повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат“, напиша Кочовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казна од 1.500 до 2.000 евра доколку не ја почитувате забраната за движење во шума

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР објави оглас за 600 нови полицајци: Кои услови треба да ги исполните

Редакција

Поднесени обвиненија за 6 лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“: Автобусот бил технички неисправен подолго време

Редакција

Колку сериозно ќе влијаат новите аудио снимки на епилогот за “Рекет“?

Редакција