еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Кој загадува?

Во Скопје последниве два дена е регистрирана висока загаденост на воздухот, која го рангираше главниот град на Македонија на прво место на листата на најзагадени градови во светот според мерењата на „Ер вижуал„.

Неколку истражувања спроведени од надлежните покажаа дека најголемите загадувачи се домаќинствата и автомобилите.

Она што не го кажуваат надлежните е дека големи загадувачи се и стотината мали и средни фирми во градот и околу градот, чија работа никој не ја контролира, ниту пак знаеме какви горива користат или дали ги поседуваат потребните еколошки дозволи, а главен и дежурен виновник за граѓаните се Железара, која многу ретко работи, па логично и да не може да загадува и Цементарница Усје, која од 5 јануари не работи и нема да работи до крајот на месецот.

Од Усје неколку пати укажаа дека тие не можат да ги стават во погон печките, ако не се активирни филтрите. Ако тие се исклучени производството автоматски се стопира, а кога сме кај Цементарница треба да се напомене дека таа е една од првите компании во земјава која има еколошка интегрирана А дозвола.

Редно е ако надлежните незнаат да се справат со загадувањето, барем со име и презиме да ни кажат кој го загадува воздухот во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за првото место на Скопје во светот по загадување: „Да скокаш у Вардар при таква загаденост треба стварно да веруваш у Господ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Струга не важат законите, се става бетон среде трската

Редакција

(Галерија) Преубава природа-ѓубрето фрлено во реки, идентична слика на македонските планински села

Редакција

Нов протест: „Канцерогено општество“ бара итна владина седница за загадувањето

Редакција