еМагазин
Image default
Македонија

Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе Предлог-одлука за формирање анкетна комисија за референдумот

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на РМ доставија Предлог-одлука за формирање анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30 септември 2018 година.

Како што соопшти Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, покрај периодот на кампањата, анкетната комисија ќе има задача да ги провери и индициите дека на одредени избирачки места има сериозни нерегуларности, односно фалсификување на резултатите преку полнење на кутии.

– Основаните сомнежи за сторен фалсификат на правото на граѓаните за гласање, односно негласање, мора да се расчистат. Довербата на граѓаните во институциите е сериозно нарушена и некој мора да сноси одговорност, наведува Пратеничката група.

Анектната комисија ќе има задача да утврди и дали за време на кампањата постоело поткупување на гласачите, како и правење притисоци од одредени избрани и именувани јавни функционери.

– Како претставници на граѓаните во Собранието на РМ имаме одговорност и обврска да утврдиме како и за што беа потрошени финансиските средства во кампањата за референдумот, со оглед дека беше финансирана од Буџетот на РМ. Анектната комисија треба да ја разгледа и утврди политичката одговорност за резултатите од референдумот, нарушениот углед на институциите и потрошените средства од Буџетот. Целта на оваа анкетна комисија е низ дебата да ги утврди сите аспекти од референдумското изјаснување на 30 септември 2018 година и враќање на довербата на граѓаните во институциите, стои во соопштението на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Против Ковид-19 се вакцинираше и Бранко Црвенковски

Редакција

ААВМУ: Објавување документи со информации од висок јавен интерес суштинска задача на медиумите

Редакција

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Редакција