еМагазин
Image default
Македонија

КОД: Кога го апселе Мијалков бил во друштво на пратениците Муковски, Василевски и Нола Исмаиловска Старова

КОД, кој се емитува на телевизијата Телма, објави дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, вечерта кога бил уапсен бил во друштво на најмалку тројца пратеници.

Според КОД, Крсто Муковски, Сашо Василевски и Нола Исмаиловска Старова се пратениците кои очевидците кои присуствувале на апсењето ги виделе. И тие биле изненадени од упадот на алфите и апсењето.

Станува збор за пратениците кои гласаа за старт на процедурата за промена на Уставот, што е предвидено со договорот за името со Грција, а кои по гласањето беа исклучени од ВМРО ДПМНЕ.

Според КОД во Лаунџ барот во хотелот Мериот, таа вечер била и Билјана Бришковска.

Приведувањето било изведено брзо и ефикасно, а факторот изненадување спречил одолжување на драмата. Мијалков беше уапсен вечерта на 20. ноември. Дента бил во суд каде имаше рочиште за „Тортура„ на Специјалното јавно обвинителство, случај во кој и Мијалков е обвинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

И Мијалков, како Камчев сместен во „хашка соба“ во затворот во Шутка

Владата очекува осумте пратеници да не се предомислат за промена на Уставот по притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Поголема бројка на оздравени пациенти од заболени од корона вирусот

Редакција

Судијката Весна Димишкова повикана во Обвинителство за „Рекет“

Редакција

(Фото) Поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи, на Фејсбук се пофали дека добил албански пасош

Редакција