еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кога Охридското езеро и реката Треска „подригнуваат“ ние треба да се засрамиме

Запрепастувачки фотографии се појавија деновиве на социјалните мрежи најпрво од Охридското Езеро, а потоа и од реката Треска кои ја откриваат некулутурата и недостигот од свест кај голем дел од македонските граѓани за заштита на животната средина.

Илјадници пластични шишиња и друг вид отпадоци исфрли на своите брегови Охридското езеро, а уште позапрепастувачки беа сцените од делови на реката Треска чие крајбрежје буквално е претворено во депонии за пластични шишиња.

Фотографиите откриваат и дека реките и езерата знаат да се прочистат по прирорден пат, но прашање колку можат да ги исфрлат на површина автомобилските гуми, машините за перење, кадите и какви уште не елементи кои во минатото беа откривани на дното на Охридското езеро и се честа слика во македонските реки.

Со оглед на тоа што ваквите сцени се повторуваат веќе со години наназад крајно време е да се воведат ригорозни казни за фрлање отпадоци и шут, но и да се воведе соодветна едукација кај децата ушта во најрана возраст бидејќи единствено на тој начин може да се влијае врз развој на свеста за потребата од заштита на природата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Реката Треска претворена во „пловечка“ депонија

Фото: Фејсбук/Миле Алексоски/Константин Георгиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на годината над 90% од потрошувачите ќе имаат евтина тарифа

Редакција

Петков во бугарското Собрание повтори дека нема Македонци во Бугарија: ОМО Илинден е провокација за Ковачевски

Редакција

Во Собрание експресно изгласани измените на Кривичниот законик за помали казни за функционерите

Редакција