еМагазин
Image default
Македонија

Договорени четири ТВ дуели на Силјановска и Пендаровски

Четири ТВ дуели ќе имаат претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски за време на кампањата за претстојните претседателски избори, најави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој го предводи изборниот штаб на Пендаровски, кој заедно со шефот на изборниот штаб на Силјановска, Игор Јанушев, гостуваа во Централниот дневник на 1ТВ.

– Она што засега на некој начин е договорено, ако можам така да кажам, се четири телевизиски дуели и тоа на 2 април на телевизија Телма, на 12 април на Македонската радио телевизија, на 14 април на телевизија Сител и на 17 април на телевизија Алсат, истакна Кирацовски, кој не ја исклучи можноста да има уште еден ТВ дуел во телевизијата во која гостуваше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанушев кој гостуваше во емисија со Зекири се тестирал: Засега сум добар, чекам резултати

Редакција

Заев: Бојан Јовановски лаже зашто одбив да му помогнам

Редакција

Јана Стојановска: Мајка ми е невина, ќе бараме да се брани од слобода

Редакција