еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои „бомби“ имаат најмногу прегледи, тие за Заев, Мицкоски или Ден Дончев?

Деновиве македонската јавност е „бомбардирана“ со предизбори „бомби“, кои се пласираат секојдневно.

Сепак општиот впечаток е дека главно јавноста е отрпната од слушање на нелегално снимени разговори, за што зборуваат и бројките на прегледите на претежно аудио снимките.

Барем за сега најпрегледувана „бомба„ е видеото за поранешниот прв човек на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев на кое се гледа како зема пари, а со неколку аудио снимки го објави корисник под името „Раце лепливи„.

Тоа видео заклучно денеска, а кое е објавено пред 1 недела има над 88 илјади прегледи, а другите „бомби„ со Дончев од истиот корисник имаат од 14 до 20 илјади прегледи.

Дончев е единствениот кој досега беше на разговор во полициска станица за последната „серија“ на предизборни „бомби„.

39 илјади прегледи пак има „бомбата„ од истиот корисник со неправосилно осудениот за „Рекет“, Зоран Милески Кичеец и црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, објавена пред два дена.

Корисникот на Јутјуб, под името „Рекет“ пак објавува „бомби“ со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Кичеец.

Најпрегледувана е првата, објавена пред три дена и има над 56 илјади прегледи.

Вчера пак корисник под името „Зоки истина“ на Јутјуб објави „бомби“ за поранешниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев.

Едната веќе има над 62 илјади прегледи.

Корисник пак под името „Добар човек“, пред една недела објави 11 „бомби“ поврзани со случајот „Рекет“.

Овие „бомби“ предизвикале најмал интерес, според прегледите, кои се движат од 4 до 18 илјади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) „Пукнаа“ две нови „бомби“ за Заев

(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец, Мијалков плаќал за автобуси за митинг на ВМРО-ДПМНЕ

(Аудио) Нова „бомба“ со Зоран Милески Кичеец: Се спомнуваат 300.000 евра и имиња на функционери

(Аудио) Нова „бомба“ со Мицкоски: Бизнисмен му помагал кога му било најтешко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева останува во притвор, одбиена понудената гаранција во имот

Редакција

Радев: Притисокот кон Бугарија заради ветото за Македонија ќе се зголемува

Редакција

Град Скопје склучи договор со Пошта, вреден 582,1 илјади евра

Редакција