еМагазин
Image default
Локално

Кои документи Ви се потребни за алицирање: Општина Аеродром доделува субвенции за инвертер клими

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер клими, што ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Како што информира Општината, жителите што купиле или ќе купат инвертер клими во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50 отсто, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

-Потребни документи за аплицирање се: барање за надоместок, фотокопија од важечка лична карта на барателот; имотен лист за објектот со адреса на подрачјето на Општината, доказ дека е извршено купување инвертер-клима, потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана климата заклучно со 2018 година, изјава со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, информираат општинските власти.

Документацијата, како што соопштува Општина Аеродром, се поднесува во архивата на Општината во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за инвертер-клими“ со назнака „Не отворај“.

-Општина Аеродром субвенционира набавка на инвертер-клими со цел да ги стимулира жителите за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, за да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат во средства за нов начин на греење, односно поттикнување за примена на поквалитетни уреди за греење, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хаос во Скопје: Се тепале петорица на тројца поради оштетено изнајмено возило

Редакција

Филм во Скопје: Го прегазил со возило откако го расекол со остар предмет

Редакција

Им влегол дома и заканувајќи се со нож ја нападнал сопругата пред очите на сопругот

Редакција