еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

На владина седница е усвоена Уредба со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба, како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување и ширење коронавирусот.

Се предлага намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, така што се предлага да се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015 отсто за секој ден задоцнување, наместо 0,03 проценти како што уредува Законот.

Усвоена е и Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Тоа е мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај 2020 година.

ЗА КОИ ФИРМИ СЕ ОДНЕСУВААТ МЕРКИТЕ

Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход се предлага да имаат даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт).

КОИ УСЛОВИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНАТ

Тие треба да го исполнат условот да не го намалат бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Исто така, се предлага правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење.

Покрај условот за вработените треба да исполнат и еден од следните услови: вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период претходната година, или – бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25 проценти во однос на вкупниот број вработени во однос на февруари 2020 година или даночниот обврзник затвори најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

КОЈ ЌЕ ДОБИЕ ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДАНОК НА ДОБИВКА

Меѓу мерките за поддршка на компаниите е и ослободувањето од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка за март, април и мај годинава, што, исто така е регулирано со Уредба на владината седница.

Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка ќе имаат даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55- објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- воздухопловен транспорт).

КОИ УСЛОВИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За да ја користат оваа мерка треба да не исплаќаат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Исто така, правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатите услови вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 отсто во однос на истиот период претходната година или бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25 отсто во однос на вкупниот број на вработени во однос на февруари 2020 година или ако даночниот обврзник затвори најмалку 50 отсто од продажните местата преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17

Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови

Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонски навивачи жестоко ја славеа победата над Германија на улиците на Дуизбург

Редакција

„Врие“ од обиди за влез во земјава со лажни ПЦР тестови преку скопскиот аеродром

Редакција

Обвинителство се уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата за конфискацијата на имотот на „Трансмет“, велат од Антикорупциска

Редакција