еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Кои граѓани ќе се спасат од високите давачки за извршителите

Собранието вчера ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е втора измена на законот – а двете измени се во насока на градење на концепт на правично извршување и заштита на достоинството на граѓаните.

„Измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на граѓани кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Социјално ранливите групи на лица, не по своја вина, не се во можност да ги намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата – не само личната – туку и на нивните семејства“, соопштуваат од Министерство за правда.

Со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓаните кои се корисници на гарантирана минимална помош, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

Дополнително, со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана, односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби ќе се однесува и за веќе започнатите извршувања, бидејќи станува збор за поповолен закон за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од законот за отпис на камати и репрограмирање долгови: Кој ќе „куртули“ од извршителите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26 од случаите на заболени со коронавирусот во Македонија се од надвор

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува 81 лице, плата до 27.480 денари

Никола Осило

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за ремонт во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Никола Осило