еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои хронично болни лица треба посебно да бидат претпазливи на корона вирусот и ослободени од работа

Министерството за здравство денеска ќе излезе со листа на хронично болни лица кои посебно треба да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките на Владата за заштита од корона вирусот.

Но додека листата да биде објавена, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека тоа се лицата со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни, со малигни заболувања, со дијабетес тип 1, други имуно-компромотирачки состојби, како и бремените жени.

Тој препорача сите тие да бидат ослободени од работа со препораката од Владата за спречување на ширеењето на корона вирусот. Доколку препораките не се почитуваат ќе следуваат санкции.

Платено остуство ќе има и за еден од родителите на деца до 10 години, доколку двајцата работат во сектори како здравство, полиција, армија, пожарна. Отсуство следува и за самохрани родители и еден родител на дете со посебни потреби.

По препорака на Комисијата, Филипче до Владата ќе предложи и мерка, здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања заради тоа што многу е непредвидливо дали некоја од земјите во многу кратко време може да влезе во земја со висок ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ослободување од работа на хронично болните лица треба да биде со потврда од лекар специјалист

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите

Во моментов се тестираат 12 пациенти од корона вирус, осум се комшии на заразените од Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

(Видео+фото) Шестмината убиени во пресметката во Атина најверојатно се Турци

Редакција

Кинески работници постојано доаѓаат и заминуваат од државата, Синдикатот за градежништво апелира за превенција од коронавирусот

Редакција