еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои партии ќе треба да си ги променат имињата, согласно Договорот од Преспа?

Според најавите, Договорот од Преспа следната недела треба да стигне на ратификација и во грчкиот Парламент. Од грчката Влада неколку пати повторија дека нема дилема дека Договорот ќе помине и во Грција, по што во Македонија треба да започне процесот на негова имплементација.

Договорот за внатрешна употреба, вклучувајќи ја тука и промената на името на државата од Македонија во Северна Македонија, треба да се спроведе во следните пет години.

Согласно Договорот меѓудругото нови имиња би требало да добијат и неколку политички партии.

Имено, според Договорот, освен државните органи и јавните институции, имињата треба да ги променат и други државни или јавни ентитети, кои добиваат пари од Буџетот на земјата.

Политичките партии по секои избори, зависно колку гласови ќе добијат, добиваат одреден надоместок од државата.

Кои партии би можеле да ги променат имињата?

Ново име согласно Договорот од Преспа би требало да добие владејачката партија СДСМ ( Соцјал демократски сојузу на Македонија), опозициската СПМ (Социјалистичка партија на Македонија), ДОМ, (Демократска обнова на Македонија), Обединети за Македонија

Кога се во прашање партиите, зависно кој како го тумачи Договорот од Преспа, нови имиња би требало да добијат и ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство), ВМРО НП (Внатрешна македонска револуционерна организација – Народна партија)…

Дали овие партии ќе ги менуваат имињата или ќе најдат некои пофлексибилни и правни решенија, или ќе се повикуваат на нешто друго, останува да видиме во периодот што доаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИА анализира: Каков е распоредот на силите во грчкиот Парламент пред ратификацијата на Договорот од Преспа

Кои ќе бидат новите имиња на АРМ, МАНУ, ЕЛЕМ, МОБ…, кои треба да бидат во духот на Договорот од Преспа

Носат ли промената на името и двојазичноста нов бран тежок македонски и албански национализам?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не се оградува од Ванчо Михајлов, вели дека тој е дел од континуитет на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да се почитува

Редакција

Во Македонија со коронавирусот се заразиле повеќе жени

Редакција

(Видео+фото) На македонскиот штанд на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан“ се презентира како се прави накит од бисер и филигран

Редакција