еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за уставните измени предвидени со договорот со Грција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев е еден од последните во низата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кој преку својот Фејсбук профил соопшти дека нема да гласа за уставните промени, предвидени со договорот за името со Грција.

„Овој договор носи големи ризици во иднина да отвори уште многу прашања, наместо да резултира затворање на отворените прашања. Дополнително, во иднина се отвора простор за нови и нови тековни блокади кон Македонија.

Исто така, референдумското прашање е манипулативно затоа што огромното мнозинство граѓани се „за“ членство во ЕУ и НАТО, но се „против“ непринципиелните обврски што се наметнати за Македонија и македонскиот народ.

Голем проблем и манипулација е што со денови, недели и месеци не се соопштуваат конкретните уставни измени, така што граѓаните не знаат и не можат да видат за што конкретно се бара нивното изјаснување.

Од сите тие причини, јас како пратеник во законодавниот дом на македонската држава нема да гласам за најавените уставни измени“, напиша на Фејсбук, Ѓорчев.

Дека нема да гласат за уставните измени преку социјалните мрежи досега се изјаснија над 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив се и Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова, Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска, Павлинка Честојнова, Никола Мицевски, Весна Дамчевска – Илиевска, Невенка Стаменковска, Благица Ласовска, Магдалена Манаскова, Трајче Димков, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Васил Пишев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајко Вељаноски ќе го бојкотира референдумот за името и нема да ги подржи уставните измени

Поранешниот министер Никола Тодоров ќе гласа на престојниот референдумот

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајванската компанија „Јагео” влегува во Македонија со 205 милиони евра инвестиција, треба да отвори 4.000 работни места

Редакција

Што пријавила министерката Славјанка Петровска, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува дека крие имот во Радишани

Редакција

Клиниката за онкологија формираше конзилиум за правилна и подобрена покриеност на пациентите со биолошка терапија

Редакција