еМагазин
Image default
Македонија

Кои правни експерти ги повика Пендаровски за одложувањето на изборите?

Професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова,  Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов, поладнево кај претседателот Стево Пендаровски ќе одржат состанок за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот, на денешната лидерска средба на која од СДСМ присуствуваа Зоран Заев и Љупчо Николовски, од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова, од ДУИ Бујар Османи и Изет Меџити, од Алијанса за Албанците,  Зиадин Села и Арбен Таравари,  од Алтернатива, Африм Гаши и Скендер Реџепи, од Движење Беса, Билал Касами и Арјанит Хоџа и од ДПА, Орхан Ибрахими и Фрумзим Даути бил постигнат консензус дека предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот Ковид-19 треба да се одложат.

„Присутните го овластија претседателот Стево Пендаровски веднаш да свика состанок со истакнати правни експерти за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите. Средбата ќе се одржи денеска во 16 часот во Вила Водно“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите ќе се одложат, дополнително ќе се утврди датум за одржување

ДПА ја напушти лидерската средба за одржувањето на изборите, одлуките биле однапред донесени

Може ли корона вирусот да ги „инфицира“ изборите?

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста до 15 часот, 22,56%

Редакција

Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за рестрикции на границите, најави Филипче

Редакција

СЈО се огласи по „италијанската“ снимка за „Рекет“: „Потврда дека сме чисти“

Редакција