Во чест на 151-годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, в сабота повеќе делегации ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Како што соопшти владината прес-служба, цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев ќе положи претседателот Стево Пендаровски.
Цвеќе ќе положи и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој ќе биде придружуван од првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски повика на достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев
Фото: Кабинет на претседателот