еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Надзорниот одбор на Банката се состои од седум членови, од кои два се независни членови, стои во Годишниот извештај на ТТК Банка за минатата година, објавен преку Македонската берза.

Надзорниот одбор на Банката што функционираше во текот на 2018 година го сочинуваа:

1.Претседателот на Надзорниот одбор м-р Глигорие Гоговски, магистер по електротехнички науки, надвор од Банката има функција на извршен директор на Одборот на директори во „Тетекс“ АД Тетово (генерален директор).

2. Борислав Трповски, дипломиран правник со положен правосуден испит, надвор од Банката има функција на претседател на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.

3. Тито Беличанец, доктор по правни науки, надвор од Банката има функција на неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово и член на Надзорниот одбор на „Македонија турист“ АД Скопје.

4. Доне Таневски, дипломиран економист, надвор од Банката има функција на претседател на Управниот одбор на „Македонија турист“ АД Скопје. Тој неодамна си поднесе оставка.

5. Златко Черепналкоски, дипломиран електроинженер, надвор од Банката има функција на директор за малопродажба во „Енерџи Деливери Солушнс“ ЕДС ДОО, Снабдување со електрична енергија.

6. Методија Несторовски, доктор по економски науки, надвор од Банката има функција на редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Економски факултет и на независен член на Одборот на директори на КБ „Публикум Инвест“ АД Скопје.

7. Арсен Јаневски, доктор по правни науки, тој е професор во пензија, не членува во други органи на надзор и/или управување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се членовите на Управниот одбор на ТТК Банка?

Доне Таневски си поднесе оставка од Надзорниот одбор на ТТК Банка

Кои се најголемите акционери во ТТК Банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макошпед“ оствари добивка од 3,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција

Нови вработувања во М-НАВ, плата до 56.485 денари

Редакција

Реплек со добивка во првиот квартал

Редакција