еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Кои се Македонците Аријана и Бојан Коскарови кои се најдоа на престижната листа „30 под 30” на Форбс

На најновата престижна листа „30 под 30“ за 2019 година во Европа, на магазинот Форбс, повторно се најдоа двајца Македонци.

Станува збор за сестрата и братот Аријана Коскарова и Бојан Коскаров.

Тие го добија ова признание во категоријата „социјални претприемачи“ со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Листата на Форбс, на успешни личности кои имаат под 30 години, оваа година вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории.

На листата се најдоа и актерот Даниел Редклиф, фудбалерот Ентоан Гризман, како и наследникот на гигантот Луј Витон, Антоан Арно.

Ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа. Лани на листата се најдоа Нина Ангеловска од „Групер” и Жаре Димитриоски од „Еден на Еден”.

Што е Creative Hub

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник.

Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн.

Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Фото: Фејсбук/Аријана Коскарова/Бојан Коскаров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вело Марковски најави независна кандидатура за претседател, но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Европската комисија повикува на конструктивен дијалог во македонското Собрание

Редакција

Излез од Македонија само преку ГП Деве Баир и ГП Аеродром Скопје

Редакција