еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се петте најголеми трговски партнери на Македонија?

Во периодот јануари – април 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од земјававо периодот јануари – април 2019 година, изнесува околу 2 милијарди евра и бележи пораст од 16 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2,7 милијарди евра, што е за 14.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 685 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Руд-коп“ го доби тендерот за ископ на јаловина во Брод Гнеотино вреден 5,3 милиони евра

Редакција

„Реплек“ оствари добивка од 85,3 милиони денари за девет месеци

Редакција

Засега нема стечај за „Баргала“, за ССМ судското решение е скандалозно

Редакција