еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мали сипаници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи. Меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите се невакцинирани лица со МРП вакцината.

Кои се симптомите?

Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:

Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.

Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.

Трет стадиум, во кој во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.

Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени.

Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.

Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката).

Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 °C (104.0 °F), кашлица, течење на носот, и воспалени очи.

Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите.

Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите.

Чести компликации вклучуваат појава на дијареа (во 8% од случаите), инфекција на средното уво (7%) и пневмонија (6%).

Поретко се јавуваат напади, слепило, или воспаление на мозокот.

Пренесување

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе.

Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет. Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.

Луѓето можат да бидат преносители на вирусот почнувајќи од четири дена пред до четири дена после појавата на осипот.

Стекнатиот имунитет е траен, и повеќето луѓе не заболуваат по втор пат.

Тестирањето за вирусот на мали сипаници кај суспектни случаи е значајно во напорите во јавното здравје за контрола на болеста.

Инфекцијата има просечен период на инкубација од 14 дена (од 6-19 дена) и инфективноста трае од 2-4 дена пред, и од 2-5 дена по почетокот на oсипувањето (односно, вкупно од 4-9 дена).

Заштита

Во развиените земји се врши вакцинирање на децата со две дози, од кои првата на 18- месечна возраст, а втората меѓу четвртата и петтата година од животот.

Лицата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет што ги штити во текот на целиот живот, односно веќе не заболуваат од мали сипаници.

Користени материјали од Википедија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прогласена епидемија на морбили на територија на Градот Скопје: 12 нови случаи и сите невакцинирани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Покрај Шведска, македонската ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе се емитува и во Норвешка

Редакција

Доктор Пановски не препорачува вакцинирање на деца: Грипот за нив е поопасен од Ковид-19

Редакција

Полицијата приведе 97 ѕидари кои работеле на „црно“ и без регулиран престој во земјата на градилиштето на „Лимак“

Редакција