еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се топ пет најбарани позиции за работа

Според анализите на бизнис-секторот топ пет најбарани позиции за работа се продажба, возачи, дистрибутери, курири, кадар во угостителство, комерцијалисти и работници во магацин.

По индустрии најбарани се лица за работа во индустрија за малопродажба, угостителство, ИТ, трговија и дистрибуција како и производство.

„Евидентен е недостигот на лица со насочено средно стручно образование, но и на инженери и медицински персонал. Во таа насока неопходна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања. Потребна е интегрирана соработка на сите општествени чинители за правилно адресирање за потребите од квалификувана работна сила, сето тоа да допре и до учениците и до родителите.

Веруваме дека тоа е единствениот начинот за намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот“, информираше потпретседателот на Сојузот на Стопански комори, Александар Милошевски.

Тој додаде дека за компанијата да биде попродуктивна и попрофитабилна, покрај технолошката конкурентност, важен сегмент се токму вработените квалитетни кадри, понатаму нивна мотивација и поттик за понатамошна едукација, специјализација за проширување на постоечкото и стекнување на ново знаење со цел што е можно повеќе да придонесат за остварување на организациските цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телеком Србија, преку МТЕЛ, од пролет стартува и со понуда за мобилна телефонија, вели генералниот директор, Владимир Лукиќ

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по туристичките дестинации низ Македонија

Редакција

Колкави трошоци лани имале радиостаниците Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон

Редакција