еМагазин
Image default
Локално

Кои улици ќе бидат затворени: Посебен сообраќаен режим заради синдикалниот марш

По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне денеска во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците.

МВР соопшти дека маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.

Од тие причини сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Штип за прв пат доби лизгалиште, лизгањето ќе биде бесплатно

Редакција

(Фото) Голема посетеност на приказот на воздухопловите, возила и опрема од вежбата „Брз одговор 23“ во Куманово

Редакција

Скопјанец и жител на Градско се „расправеле“ со шипка и пиштол кај Росоман

Редакција