еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Колемишевски: Своето 17 годишно работно искуство во банки, инвестициски фондови, но и како адвокат ќе го имплементирам во работењето

Прв пат по изборот, заменик-министерот за економија Кирил Колемишевски се огласи не неговиот фејсбук-профил по примање на функцијата.

„Да се биде заменик министер во Владата на мојата татковина, не само што претставува чест и привилегија, туку и голема одговорност.

Своето 17 годишно работно искуство во банки, инвестициски фондови, но и како адвокат со искуство од областа на корпоративното и стопанското право, ќе го имплементирам во реализација на своите заложби за поддршка на малите и средни претпријатија, олеснување на водењето бизнис, активно вклучување на македонската дијаспора во економските текови на државата и најважно од се’, привлекување на странски инвестиции и создавање на услови за нови работни места за сите генерации.

Во фокус на моето работење ќе бидат и младите, за кои ќе се отвораат одлични можности за вработување и кариерен напредок во приватниот сектор, како и поддршка и мотивација за започнување со сопствен бизнис“, напиша Колемишевски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик министер за економија

Каков имот пријавил Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик-министер за економија

фото: Фејсбук/Колемишевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сакаме да бидеме дел од Црква во која има место за сите, без разлика на нивната етничка припадност, велат од Демократски сојуз на Власите

Редакција

Утре влажен бран со пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Од утре постудено: Наутро со температури во минус и магла

Редакција