еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Специјалната обвинителка Катица Јанева, стана третото лице кое до сега е осомничено за случајот „Рекет“, кој го водат нејзините колеги од Јавното обвинителство (ОЈО).

Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување имотна корист, според членот 353 од Кривичниот закон (КЗ).

Како што беше соопштено на вчерашната прес-конференција на ОЈО, таа се стекнална со имотна корист од 298 илјади денари (5.000 евра), односно добила на поклон мебел во толкава вредност од осомничениот во случајот, Бојан Јовановски (Боки 13), за да ја олесни позицијата на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Колкава казна е предвидена за такво дело?

Во членот 353 став 3 стои: “Ако сторителот од став 1 прибави значителна имотна корист или наненесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку три години„.

Колкава казна би добила Јанева?

Тешко е да се предвиди каква казна би добила Јанева доколку биде осудена.

За сега не е познато дали таа за себе прибавила само толкава имотна корист, имајќи во предвид дека помогнала само изрекетираниот бизнисмен Камчев, на осомничените Јовановски и Зоран Милески-Кичеец да им даде 1,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?

Со полициска придружба Катица Јанева ќе оди на погреб на мајка и во Гевгелија

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

„Нудам 5.000 евра на било кој од СЈО да ги поапси сите “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева за „Рекет“

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странците си одат од Македонската берза

Никола Осило

Фабриката БИП потврди дека престанува со работа: Постојниот модел е е неодржлив

Редакција

Кој е Петар Атанасов, заменик-министерот за образование кој поднесе оставка

Редакција