еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави приходи од реклами остварила телевизијата 1ТВ лани?

Во текот на целата година програма на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа емитуваа три телевизии: ТВ Компани 21-М, ТВ Шења и ТВ Арт Чаннел (која во текот на годината се преименува во ТВ Клан), се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

“Во првите осум месеци од годината програма емиуваше и ТВ Нова, но поради неисполнување на минималните кадровски услови во август 2018 година Агенцијата ја одзеде дозволата на оваа телевизија.

На крајот на март започна да работи 1 ТВ. Вкупните приходи што во анализираната година ги оствариле ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ Арт Чаннел и 1 ТВ изнесувале 100,45 милиони денари, што претставува 7,40% од приходите на комерцијалните телевизии.

Највисоки вкупни приходи прикажала 1ТВ (39,23 милиони денари). Од нив 33,94 милиони денари биле од рекламирање. Оваа телевизија работеше само девет месеци, во кои не успеа да стекне значаен удел во гледаноста.

Главен извор на приход на сите четири телевизии бил приходот од реклами и телешопинг, кој изнесувал 78,20 милиони денари.

Најмногу приходи од рекламирање прикажала 1 ТВ (33,94 милиони денари), а најмалку ТВ Клан (2,12 милиони денари). ТВ Компани 21-М остварила 27,03 милиони денари приходи од реклами, а ТВ Шења 15,10 милиони денари.

Јавна пропаганда за време на референдумот емитувале сите четири телевизии, при што ТВ Компани 21-М остварила 5,03 милиони денари, 1 ТВ – 3,94 милиони денари, ТВ Шења – 1,04 милиони денари, а ТВ Клан – 1,38 милиони денари„, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1ТВ и Клан лани во плус, телевизите 21-М и Шења во минус

Колкави трошоци имале лани телевизиите Клан, 21-М, 1ТВ и Шења?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со „мајмунски сипаници“

Редакција

Наставниците од септември ќе земаат за 15% поголема плата

Редакција

Бензините се намалуваат за два, а дизелот за 2,5 денари

Редакција