еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави приходи оствариле лани телевизиите Телма, Канал 5, Сител, Алсат М и Алфа

Петте телевизии кои емитуваат програма на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс во 2018 година оствариле вкупни приходи во износ од 1,063.85 милиони денари, што претставува благ пад во однос на приходите од претходната година, се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Од 2015 година наваму, заедничките вкупни приходи на овие пет телевизии во континуитет се намалувале.

„Во споредба со 2017 година, освен ТВ Алфа, чии приходи се повисоки за 35,45%, останатите четири телевизии бележат опаѓање на приходите во однос на претходната година, и тоа: ТВ Алсат-М за 1,07%, ТВ Сител за 4,29%, ТВ Телма за 4,35% и ТВ Канал 5 за 8,51%.

92% од вкупните приходи на овие пет телевизии биле остварени од продажба на времето за рекламирање и телешопинг.

Приходите од реклами биле речиси единствен извор на приход на три телевизии, и тоа на: ТВ Алсат-М, која од рекламирање остварила 92,04% од вкупните приходи, ТВ Канал 5 – 93,81% и ТВ Сител – 96,11%.

Приходите од рекламирање што ги остварила ТВ Алфа претставувале 87,64% од вкупните приходи на оваа телевизија, а приходите на ТВ Телма – 83,20%.

При пресметувањето на учеството на секоја телевизија во вкупните приходи од рекламирање на овој сегмент од телевизискиот пазар, предвид се земени и приходите што по овој основ ги остварила Македонската телевизија, со оглед на тоа дека во овој дел од работењето, таа се јавува како субјект на овој релевантен пазар.

Најатрактивна телевизија за огласувачите била ТВ Сител, која остварила највисоки приходи од реклами (415,64 милиони денари). Приходот на ТВ Канал 5 изнесувал 176,49 милиони денари, а на ТВ Алсат-М 144,20 милиони денари. ТВ Алфа и ТВ Телма оствариле приближно ист износ (124,29 милиони денари, односно 120,47 милиони денари).

Во овие износи се вклучени и приходите од емитување јавна пропаганда за време на референдумот. Петте телевизии по овој основ заеднички оствариле 26,50 милиони денари, од кои најмногу ТВ Сител (7,25 милиони денари), а најмалку ТВ Алфа (1,60 милиони денари).

Приходот на ТВ Алсат-М по овој основ изнесувал 6,59 милиони денари, на ТВ Телма – 5,60 милиони денари и на ТВ Канал 5 – 5,46 милиони денари“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сител лани најгледана телевизија

Колку вработени имаат телевизиите Телма, Алсат М, Сител, Канал 5 и Алфа

Лани Телма во минус, Сител, Алсат М, Канал 5 и Алфа во плус

На што и колку пари потрошиле лани телевизиите Телма, Сител, Алфа, Алсат М и Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мермерен Комбинат во првите шест месеци со намалена добивка

Редакција

За викендот сончево и топло, до 19 степени

Редакција

Едното бебето е на респиратор: Детали од ГАК за родилките од Делчево и Скопје кои починаа од Ковид-19

Редакција