еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави трошоци имале лани телевизиите Клан, 21-М, 1ТВ и Шења?

Во анализираната година трошоците на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ Клан и 1ТВ изнесувале 145,59 милиони денари, а нивното учество во вкупните трошоци на комерцијалните телевизии изнесувало 10,26%, се наведува во Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

“Најмногу средства потрошила ТВ Компани 21-М (76,58 милиони денари), а најмалку ТВ Клан (13,76 милиони денари). За плати и други надоместоци за вработените овие четири телевизии потрошиле вкупно 61,96 милиони денари.

Највисоки трошоци за плати и други надоместоци за вработените прикажала ТВ Компани 21-М (30,48 милиони денари). Во оваа телевизија биле ангажирани вкупно 82 лица (просечниот број на вработени изнесувал 68 лица, а со договор биле ангажирани уште 14).

Во 1ТВ биле ангажирани само две лица помалку – вкупно 80, од кои 46 во редовен работен однос и 34 со авторски договори. Меѓутоа, трошоците за плати (16,64 милиони денари), биле речиси двојно пониски отколку оние на ТВ Компани-21.

Најмалку средства за платите и другите надоместоци за вработените издвоила ТВ Клан (4,58 милиони денари), но бројот на вработени бил значително помал отколку кај останатите телевизии (25 лица во редовен работен однос и само три со договор)“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1ТВ и Клан лани во плус, телевизите 21-М и Шења во минус

Колкави приходи од реклами остварила телевизијата 1ТВ лани?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Битола лани со нето-добивка од 81,45 милиони денари

Редакција

Отворен повик за 15-то издание на проектот Лидер: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Редакција

Мажите имаат полесен пристап до финансии за разлика од жените, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција