еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку е богат: Објавен претседателскиот анкетен лист на Пендаровски

Југото, кое не го вози, а кое предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи за време на претседателската кампања го има и во најновиот анкетен лист на претседателот Стево Пендаровски.

На веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата е објавен неговиот анкетен лист кој го поднел откако станал претседател.

Како што е познато, ни тој, ни неговата сопруга немаат пријавено недвижен имот.

На име на сопругата пријавил возило Рено Меган, во кое беше сликан за време на кампањата, по што обвини дека е следен.

На име на сопругата пријавил и девизна сметка на која има 3.000 евра, а на свое име пријавил девизна штедна книшка во Комерцијална банка на која има 12.267 евра, за кои вели дека ги стекнал од наследство.

На страната на Антикорупциска комисија стои и неговиот анкетен лист од 2016 година, кога станал пратеник.

Тогаш на девизната штедна книшка имал 15.192 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски вработува три посебни советници, плата до 50.000 денари

Детален преглед: Кој се биде дел од кабинетот на претседателот Пендаровски?

Пендаровски ветува: Нема да барам претседателска пензија по завршување на мандатот

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол на врвот на листата најтргувани на берзата

Редакција

Мермерен комбинат и официјално има нов сопственик

Редакција

„Пандора документи„: Кралот на Јордан користел јавни фондови за купување на куќи во странство, тој демантира

Редакција