еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

За унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој му даде прибежиште на избеганиот осуден поранешен македонски премиер Никола Груевски, сега унгарски азилант, со години се шпекулира дека благодарение на својата политичка моќ, успеал да „направи“ и огромно богатство.

Секако, многу тешко може да се најде официјална потврда за тоа, од многу причини, пред се поради фактот дека, како и кај нашите политичари и бизнисмени, неговото име ретко фигурира некаде.

Орбан вреди 750 милиони долари?!

Во 2016 година тогашниот лидер на опозициската унгарска партија, Együtt, Viktor Szigetvári изјави дека унгарскиот премиер Орбан, „тежи“, ни повеќе, ни помалку – 750 милиони долари.

Од унгарските власти информацијата беше демантирана, а медиумите тогаш пишуваа дека ако овој податок е точен, тогаш Орбан е втор најбогат во Унгарија, позади унгарскиот милјардер Sándor Csányi.

Колкава плата има?

Според официјални податоци кои еМагазин ги најде на интернет од минатата година Орбан има месечна плата од 6.489 евра или годишна од 77.869 евра.

Има пет деца

Орбан прв пат беше премиер на Унгарија во периодот од 1998 до 2002 година, а повторно на оваа функција е од 2010 година до денеска.

Има пет деца, четири ќерки, еден син и два внуци.

Орбан е голем фан на фудбалот, а пред да влезе во политички води играл и професионално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По бегството на Груевски и добивањето азил: Ќе стане ли Унгарија нова пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО?

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Нема ни куќа, ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил бегалецот Никола Груевски

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

Фото: ВМРО ДПМНЕ/Унгарска влада/ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 8.000.000 денари: МВР купува безбол капи за полицајците

Редакција

Истрага „Пропаганда“ на СЈО: Како се ширела „пропагандата“ на Груевски со пари на граѓаните

Редакција

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

Редакција