еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку е богата новата вицепремиерка: Каков имот пријавила Мила Царовска

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, е новата вицепремиерка за економски прашања, откако Кочо Анѓушев поднесе оставка.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала министер.

Во рок од 30 дена таа треба да достави нов анкетен лист.

Каков имот пријавила?

Според нејзиниот анкетен лист на свое име од недвижен имот пријавила само градежно земјиште од 894 метри квадратни во КО Јастребник.

Вози Тојота Јарис.

На свое име пријавила и кредит од 480 илјади денари, кој требало да го исплати изминатава година.

На име пак на родителите пријавила куќа во Скопје од 200 метри квадратни, проценета на 5,5 милиони денари и куќа во Канада од 230 метри квадратни, проценета на 40,7 милиони денари.

На име на родителите пријавила и стан во Скопје од 66 метри квадратни, проценет на 3,2 милиони денари и стан во Канада, од 55 метри квадратни, проценет на 20.3 милиони денари.

На име на родителите пријавила и лозје, ливада, земјиште…

На име на родителите и брат пријавила уште четири возила.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРТРЕТ: Мила Царовска, од активиска до вицепремиерка за економски прашања

ПОРТРЕТ: Наќе Чулев, од оперативен разузнавач до технички министер за внатрешни работи

ПОРТРЕТ: Оливер Спасовски, од адвокатски приправник до технички премиер

Фото: Фејсбук/Царовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се отстранува железната ограда околу Владата

Редакција

(Фото) Зимска идила во Крушево, Пелистер, Попова Шапка, Маврово

Редакција

Али Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Редакција