еМагазин
Image default
Македонија

Колку ќе чини спроведувањето на двојазичноста: Само за Агенцијата за јазици предвидени 8 милиони, а за инспекторатот 7 милиони денари

Од Владата се уште велаат дека не знаат точно колку ќе чини имплементацијата на Законот за јазици во пракса.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека се уште не може точно да се процени колку ќе чини спроведувањето на Законот, но напомена дека за годинава од Буџетот за работа на Агенцијата за јазици се предвидени 8 милиони денари, а за инспекторатот кој ќе контролира дали Законот се почитува, 7 милиони денари.

Тој се надева дека следната година ќе бидат издвоени повеќе пари за Законот од Буџетот, а пари ќе бара и меѓународната заедница.

Колку навистина ќе чини спроведувањето на овој Закон, допрва ќе видиме, бидејќи оваа се само дел од предвидените трошоци.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев вели дека албанскиот јазик е втор официјален јазик, соопштението на Владата кое го негира тоа не го прочитал

Џафери до крајот на месецот ќе почне на албански да ги води пленарните седници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За руската агенција „Спутник“ земјава е „С. Македонија“

Редакција

Кои се новите кадри во раководството на Алтернатива

Редакција

Не сум од оние кои припаѓаат на некоја партија само како функционери, вели Шекеринска

Редакција